Published: Thursday, December 3, 2015 08:34
Британски воени авиони утрово извршија прв воздушен напад на цели на Исламската држава во Сирија, неколку часа откако Британскиот Парламент изгласа одлука за проширување на воените дејства во оваа земја.
Британските авиони веќе учествуваат во воздушната кампања против овие милитанти во соседниот Ирак, а сега се приклучуваат и на нападите што ги спроведуваат САД, Франција и останатите сојузници.
По десетчасовна расправа, Британскиот парламент синоќа со 397 гласа „за“ и 223 „против“, одобри проширување на воените акции и на Сирија. Мал дел од конзервативните пратеници и најголем број од лабуристите сметаат дека овие напади нема да ја направат Британија побезбедна, и дека само ќе придонесат за нови цивилни жртви.




