Русија нема да го заборави соборувањето на рускиот воен авион, а Турција ќе зажали за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа не значи дека Москва воено и се заканува на Анкара, но и дека нема да застане само на трговски санкции.
– Бевме подготвени да соработуваме со Турција на најчувствителните прашања и да одиме многу подалеку од нивните сојузници. Алах знае зошто тоа го направија. Изгледа Алах одлучил да ја казни владејаќката структура во Турција така што ќе им го одземе разумот, ја пренесува Раша Тудеј изјавата на Путин во рамките на годишното обраќање до нацијата.
Сепак, тој истакнал дека турскиот народ го смета за пријателски, но дека не може да се игнорира помошта за терористите што, според руски информации им ја пружа актуелното раководство на Анкара.
Во меѓувреме,рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека во моментов се запрени преговорите за гасоводот Турски тек, иако како што рече, не се откажани.
Турски тек е еден од главните прокети на Русија и Турција, чија цел е рускиот гас да стигне до Турција преклу Црното море, а потоа кон јужна Европа. Почетокот на изградбата беше планиран за јуни, но е одложен бидејќи Москва и Анкара не успеаја да постигнат меѓувладин договор.
Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка се пшротив изградбата на овој проект наречен „Северен тек 2“, бидејќи сметаат дека тој не е во интерес на ЕУ и ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас, а воедно ќе ја поткопа положбата на Украина.




