Европските берзи денеска доживеаја пад, а еврото зајакна, откако Европската централна банка ја намали каматната стапка на депозитите и презеде нови мерки за стимулирање на стопанството во еврозоната, иако аналитичарите очекуваа порадикални потези.
Еврото на валутната берза зајакна на 1,0865 долари, откако вчера се најде на најниско ниво од април годинава, кога вредеше 1,055 долари.
ЕЦБ денеска ја намали каматата на депозитите од минус 0,20 на минус 0,30 проценти , во обид да ја поттикне хронично ниската инфлација во еврозоната.
Истовремено, двете клучни каматни стапки – референтната и граничната ги задржа непроменети, на 0,05 и 0,03 отсто.
Берзанските играчи, сепак очекуваа дека ЕЦБ ќе ја намали стапката на депозитите за многу повеќе, на 0,4 проценти.
ММФ ја поздрави одлуката на Банката да ја поддржи економијата во еврозоната, и побара истото да го направи и за земјите од монетарната унија.