Американскиот државен секретар Џон Кери неочекувано пристигна во Ирак, каде ќе разговара со лидерите на земјата за прекин на транспортот со ирачки воени авиони на оружје и борци за Сирија.
Кери пристигна во Багдад од Аман. Тој го придружуваше претседателот Барак Обама на блискоисточната турнеја во рамките на која ги посети Израел, палестинските територии и Јордан.
Иран тврди дека испораките за Сирија по воздух и копно имаат хуманитраен карактер, додека високи американски службеници сметаат дека ваквите испораки се многу чести и се вршат секојдневно што раѓа сомнежи.
На средбите меѓу Кери и иранските власти се очекува да стане збор и за надминување на религиозните разлики во земјата, кои се уште се закануваат по стабилноста на Ирак, десет години по американската инвазија со која беше соборен Садам Хусеин, пренесува БТА.
Претходно Џон Кери се сретна во Ерусалим со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала во обид да најде излез за закочените мировни преговори меѓу Израел и Палестина.