Осомничениот за убиството на 14 луѓе во Сан Бернандино, Калиформина, Саед Ризван Фарук бил во контакт со исламските екстремисти преку социјалните мрежи, јавија светските агенции повикувајќи се на извори од американските безбедносни служби.
Сепак, се истакнува дека засега нема докази дека тероризам бил мотивот за нападот во кој се ранети уште 21 лице.
Фарук и неговата сопруга Ташфин Малик, кои по убиствата во Центарот за јавно здравје во Сан Бернандино во средата беа убиени во престрелка со полицијата
Имале огромен арсенал оружје за да убијат уште стотина луѓе. Во нивниот дом е најдено оружје и домашна лабораторија за бомби.
Полицијата се уште го истражува мотивот за нападот. Иако тероризмот не се исклучува, сепак, најверојатно с еработи за кавга на работното место која прераснала во масакр.
Нападот се случил за време на прослава на вработените во фирмата во која работел Фарук и на која присуствувал неколку часа. Брачната двојка не била под надзор на ФБИ.
Масакрот во Сан Бернандино е најтежок вооружен напад во САД од 2012 година, кога во Њутаун во Конетикат беа убиени 26 деца и возрасни.



