НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на Мими Таневска за Светскиот ден на театарот

0
By on March 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни и креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели кои се должни да го надградуваат и да го унапредуваат. Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од, напиша Мими Таневска, актерка и професор на Факултетот за драмски уметности во македонската порака по повод 27 Март – Светскиот ден на театарот.

– Театарот треба да биде доследен на својата цел: да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите…, вели Таневска во пораката. Таа ќе биде прочитана во сите театри в среда, кога се празнува денот на театарот, заедно со светската порака која годинава ја напиша нобеловецот Дарио Фо.

По тој повод премиерно ќе биде прикажан и краток филм, кој го направи Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт во соработка со ИТИ Париз, УНЕСКО. Видеото е со актерката Ирена Ристиќ и во режија на Ана Јакимоска. На Универзитетот Евро Балкан, каде што е седиштето на новиот Македонски центар на Интернационалниот театарски институт, во среда ќе има и панел-дискусија на тема: „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови театри/репертоари ни се потребни?“

Светскиот ден на театарот се одбележува од 1962 година. Датумот 27 март е избран зашто на тој ден пред 51 година е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз. Бил предложен година пред тоа, во јуни 1961 во Виена, на 9. Светски конгрес на Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Овој ден на различни начини се прославува во речиси сто национални центри на ИТИ низ светот, а пред почетокот на претставите во театрите се чита меѓународната порака.

Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот од 1997 и со македонска порака. Нејзини автори во изминатите години беа познати македонски драмски писатели, театарски режисери и актери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.