Германскиот Бундестаг одобри распоредување на 1.200 војници на Блискиот Исток како дел од европската мисија за поддршка во борбата против џихадистите на ИСИС.
Пратениците во Германија ја поддржаа иницијативата на германската канцеларка Ангела Меркел да испрати шест борбени авиони и воен брод со цел да се подддржи Франција во реонот на кој дејствува.
Според Меркел, германските воени сили нема да извршуваат бомбардирања туку ќе работат на поддршка на Велика Британија, Франција, САД и Русија.
Мнозинство од 445 гласови одп ратениците ја дадоа поддршката.
Министерствата за надворешни работи и за одбрана на Германија неодамна соопштија дека распоредувањето на германски сили ќе биде со цел да се превенира “тероризам“.
Министерката за одбрана на Германија, Урсула вон дер Лејен пред пратениците рече дека Германија не влегува против својата волја во оваа мисија.
Мисијата на европските земји се очекува да чини околу 134 милиони за наредната година.




