Авторите на убиствата во Калифорнија, кои се случија пред два дена, се пар муслимани кои биле радикализирани, откри денес истрагата за овој трагичен настан во кој загинаа 14 лица а 21 беа ранети. Жената, според истрагата, се заколнала на верност на терористичката група Исламска држава.
Во текот на 48 часа истрагата не можеше да утврди дали станува збор за атентат или за убиствено лудило. Сега ФБИ верува дека знае зошто Саеј Фарук и Ташин Малик убиле повеќе лица.
Според повеќе американски медиуми, Пакистанката Малик имала 27 години и била мајка на 6 месечно девојче. Таа на својот Фејсбук профил напишала текст во кој се заколнува за верност за калифот на ИД Абу Бакр ал-Багдади. Таа користела профил кој не бил на нејзиното вистинско име. Истрагата нема докази дека Малик добила инструкции од терористичката група да тргне во убиствената акција заедно со сопругот.
Сопружниците биле убиени од страна на полицијата кога се обидувале да избегаат.




