Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напад со мачета во лондонското метро, полицијата го квалификува како “тероризам“

0
By Нова ТВ on December 6, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 6, 2015 11:22

Три лица се повредени изминатата вечер во напад на маж вооружен со мачета во лондонското метро, а полицијата инцидентот го третира како терористички акт.

Како што известуваат британските медиуми инцидентот се одвивал на постојката на лондонската подземна железница Лејтонстон, каде биле ранети тројца.

Според очевидци, напаѓачот извикувал „Ова е за Сирија“. Припадниците на полицијата кои брзо интервенирала, го совладале напаѓачот.

Скотланд јард соопшти дека лондонската полиција го квалификува нападот како тероризам.

Претходно во саботата британските медиуми објавија дека тамошните безбедносни служби ги проверуваат медиумските извештаи дека притаената терористичка ќелија која ги организираше нападите во француската престолнина Париз на 13-ти ноември во кои беа убиени 130 луѓе, имала контакти со лица во Велика Британија.

Мерките за безбедност во Велика Британија беа засилени веднаш по нападите во Париз како превентива од терористички масакар во Лондон.

Досега најголемиот терористички напад во Велика Британија беше изведен во јули 2005 година, кога самоубијци беа причината за смртта на 52 лица во лондонската подземна железница и во автобус.

Во Велика Британија е прогласен висок степен на опасност според кој „многу се веројатни“ терористички напади поради заканата којашто ја претставува џихадистичката Исламска држава, како и нејзините следбеници во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.