Екстремно десниот Национален фронт во неделата вечер направи историски пробив во Франција.
Во првиот круг на регионалните избори партијата на Марин Ле Пен освои 30.8 отсто гласови, повеќе од Републиканците на Никола Саркози (опозицијата) кои освоија 27,2 отсто и владеачката социјалистичка партија од чии редови доаѓа претседателот Франсоа Оланд која освои 22.7 отсто од гласовите.
Идната недела се оджува вториот круг на тогаш ќе може да каже дали Националниот фронт ќе го потврди овој успех.
Републиканците и социјалистите ги повикаа гласачите во вториот круг да не ја поддржат екстремната десница. Но тие не го сторија тоа заедно и нема да се обединат за вториот круг на изборите за да му оневозможат на Националниот фронт да стане првата партија во Франција.
Анкетите предвидуваа дека екстремната десница ќе има многу гласови но ретко кој го предвиде овој успех.
Марин Ле Пен го освои северниот регион Па-де-Кале-Пикардија со 40 отсто гласови а нејзината внука Марион Марешал Ле Пен освои 41 отсто на југот на Франција во регионот Прованса-Кот дАзур.
Овој успех, доколку биде потврден другата недела, за прв пат ќе му овозможи на Националниот фронт да игра важна улога во значајни политички одлуки.




