Емил Гесен новинар на британскиот таблоид „Сан“ тврди дека успеал да пропатува од Турција до Париз без никој да му го провери пасошот, ниту пак некој друг документ.
Претставувајќи се како Иранец кој не зборува добро англиски, 34- годишниот новинар вели дека патувал по рутата која наводно ја користеле терористите кои на 13 октомври го извршија масакрот во Париз.
Гесен раскажува дека прво, во Турција платил криумчари да го пренесат до Грција, по што преминал во Македонија, па низ Србија, Хравтска, Австрија, Германија…
Досега само хрватската полиција ги демантираше неговите изјави, тврдејќи дека Емил Гесен е евидентиранна граничниот премин Товарник и на аеродромскиот премин во Загреб при излез од земјата. Во прилог на тоа, хрватските власти го објавија скенираниот британски пасош на Гесен.




