Американскиот претседател Барак Обама синоќа и се обрати на нацијата во обид да ја смири јавноста, по информацијата дека нападот во Калифорнија во кој беа убиени 14 луѓе, е поврзан со тероризам.
– По толку многу војни, многу Американци се прашуваат дали сега сме зафатени од карцином од кој нема лек што веднаш би не излечил, рече Обама, додавајќи дека нападот во Сан Бернандино е доказ за растечката закана на домашен терен.
Тој најави стратегија на повеќе фронтови против Исламската држава, како во комуникациите, високата технологија и контра- пропагандата, така и на полето на воената сила.
Во обраќањето тој ја повика нацијата на единство, додавајќи дека за пораз на тероризмот, како најсилен сојузник, мора да биде вклучена муслиманската заедница.
Ова е трет пат во двата претседателски мандати, како Обама се обраќа од Овалната канцеларија, традиција уште од поранешниот претседател Хари Труман, што се користи за да се покаже одлучност во решавање на некоја национална криза.




