Published: Tuesday, December 8, 2015 10:10
Американската рок група Eagles of Death Metal за време на чиј концерт во париската сала Батаклан се случи терористички напад, се појави синоќа на концертот на ирската група U2 во француската престолнина.
-Пред три недели ни беше одземена сцената и сега сакаме да им ја понудиме нашата, рече фронтменот на U2 Боно Вокс.
Ова е прв настап на американската група од 13 ноември, кога за време на концертот беа убиени 89 луѓе.




