Пентагон предупреди дека антимуслиманската реторика на претендентот за претседателска кандидатура од Републиканската партија Доналд Трамп ја загрозуваат американската национална безбедност и одат во корист на Исламската држава.
Американскиот милијардер во понеделникот на еден предизборен настап побара целосна забрана за влез на муслимани во САД по нападот во Сан Бернадино, кога млада муслиманска двојка уби 14 и рани 21 лице.
Прес – секретарот на Пентагон, кој не го спомена Трамп по име, сепак предупреди дека ваквите коментари одат само во корист на ИД. Според американското
Министерство за одбрана, затворањето на границите за муслимани би им наштетило на американските напори да се изборат со екстремистичката идеологија на џихадистите.
– Се што оди во корист на идеологијата што ја заговара ИД и ги доведува САД и муслиманската вера во судир, не само што е спротивно на нашите вредности, туку и ја загрозуваат националната безбедност, велат од Пентагон.




