Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека неговата земја поседува хидрогенска бомба и може да ја употреби за обрана на суверенитетот, јави државната севернокорејска агенција КЦНА.
Според веста, Ким Јонг Ун рекол дека Пјонгјанг станал голема нуклеарна сила, способен да ја брани својата независност и национално достоинство со помош на нуклеарни и хидрогенски удари.
Изјавата на севернокорејскиот лидер била дадена за време на посета на модернизирана фабрика за оружје во Пјонгјанг, при што тој истакнал дека земјата продолжува активно да работи на развој на својата воена индустрија.
Руската агенција Тас, во меѓувреме, објави дека засега немало потреба, Северна Кореја навистина да произведе хидрогенска бомба.
Официјален Пјонгјанг на 10 февруари 2005 година, соопшти дека произвел нуклеарно оружје, што наиде на остра осуда од меѓународната заедница. Северна Кореја од тогаш изведе три нукеларни проби – во 2006, 2009 и 2013-та година.




