Published: Thursday, December 10, 2015 09:57
Претендентот за претседателски кандидат од Републиканската партија во САД Доналд Трамп изјави дека никогаш нема да се повлече од изборната трка следната година, иако неговите изјави во однос на муслиманите наидоа на општа осуда.
– Не се повлекувам, што и да се случи, изјавил Трамп за весникот Вашингтон пост.
Вчера Белата куќа ги повика Републиканците да ја отфрлат неговата кандидатура по изјавата дека на муслимаите треба да им се забрани влез во САД.
Портпаролот Џош Ернест рече дека кампањата на Трамп личи на „буниште на историјата“, а неговите изјави се навредливи и отровни.
И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги критикуваше изјавите на Трамп.




