Published: Thursday, December 10, 2015 10:01
Земјите членки на Европската унија вчера ја одложија одлуката за обновување на економските санкции против Русија, откако Италија побара дебата за ова прашање.
Амбасадорите на 28 членки на состанокот во Брисел се очекуваше без дебата да постигнат согласност за ново шестмесечно продолжување на овие санкции, чија важност истекува на крајот на идниот месец.
Меѓутоа, Италија за ова побара да има неопходна согласност од лидерите на Унијата, кои идната недела ќе се сретнат во Брисел.
Санкциите беа воведени по руската анексија на украинскиот полуостров Крим и поддршката на Москва на бунтовниците во источна Украина.




