Учесниците на Конференцијата за климатски промени во Париз, за утре, го одложија донесувањето на Глобалниот договор.
Според официјални информации, претставниците на 195 земји се уште не успеале да ги надминат сите разлики.
За францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, кој го претстави планот на 27 страници, тој е добра основа за преговори. Текстот требаше да биде прифатен на пленарна седница попладнево.
Според документот што го претстави Фабиусм, преговрачите се договориле на долгорочен план, глобалното затоплување да се задржи „значително под“ два степени во однос на прединдустрискиот период, и дека се работи тоа да достигне 1,5 степени.
Во нацртот се наведува дека владите треба шт побрзо да се договорат и за највисокото дозволено ниво на емисија на штетни гласови.
Она што е неприфаливо за богатите земји, е делот што дефинира различни правила за богатите и сиромашните.
Текстот, според најавите ќе биде објавен во сабота наутро и потоа усвоен до средината на денот.




