Најмалку 16 лица загинаа во Сирија во експлозија на автомобил, изјави гувернерот на прорежимската провинција Хомс.
“Билансот на атентатот се 16 мртви и 64 ранети лица помеѓу цивилите”, изјави тој додека медицински извори тврдат дека има најмалку 100 ранети а голем дел од нив се во тешка состојба.
Захра е алаутиски кварт на Хомс, заедница на која и припаѓа сирискиот претседател Башар ал-Асад. Алаутитите претставуваат четвртина од вкупното население на овој град, трет по големина во Сирија.
Според гувернерот во автомобилот има 150 до 200 килограми експлозив а атентатот се случил близу до болницата ал-Ахли во Захра. Освен тоа, експлозијата се случила во близина на ресторан во кој имало боци со плин.
Досега ниту една организација не изјавила дека стои зад овој атентат.




