Published: Sunday, December 13, 2015 11:05
Во Франција денеска се одржува вториот круг од Регионалните избори, откако по првиот круг, минатата недела, крајната десница-Националниот Фронт, предводен од Марин Ле Пен се најде на првото место според бројот на освоени гласови во шест од 13 региони.
Националниот фронт, минатата недела, според пребројаните гласови, освои околу 28 отсто од гласовите, пред десницата со 27 отсто и социјалистите со околу 23 отсто од гласовите, при што пред гласачките кутии се појавија околу 50 отсто од гласачите.
Партијата на Ле Пен, во денешниот втор круг има предност во шест региони, републиканците на Саркози во четири, а социјалистите на Оланд во два региона, додека на Корзика во водство е коалицијата на левите сили.




