Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокада на Ректоратот на УКИМ: Студентите бараат оставка од Ректорот Стојковски

0
By Влатко Чаловски on December 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 14, 2015 10:09


Студентите од Студентскиот пленум и Младинската организација „Мугра“ утрово го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Кирил и Методиј“, револтирани од дрвосечата и најавената изградба на двете згради за факултетите ФИНКИ и за физичка култура.

Како што појаснуваат, тие не се против изградба на факултети, туку дека оваа одлука е избрзана и студентите не се консултурани за неа.

Тие денеска истакнаа пет барања, од кои првото е одговорност и оставка од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, поради „немање капацитет да застане во одбрана на универзитетската автономија и интересите на академската заедница“.

Тие исто така бараат, деканите од Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Архитектонскиот факултет веднаш да излезат со став за ситуацијата.

Студентите бараат и свикување на вонредна јавна седница на Сенатот при УКИМ, на која ќе присуствува и предвидениот број студенти, според Законот за високо образование и Статутот на УКИМ.

– Бидејќи Студентскиот Парламент не е легитимно и легално тело во моментов, ние бараме тие места да бидат пополнети со делегати од Студентискиот пленум и „Мугра“, велат претставниците на студентите.

Воедно од Ректоратот и Сенатот при УКИМ се бара да се спречи започната изградба и да се прогласи проектот за неважечки. Студентите се поготвени да учествуваат во изнаоѓање на соодветно решение за овој проблем, кој нема да ја наруши загарантираната автономија на Универзитетот и ќе ги задоволи урбанистичките стандарди.

Во рамките на своите активности, тие остварија средба со проректорот, професорот Петрушевски по која констатирано е дека ректорот Стојковски е оној кој може да постапи по барањата на студентите.

– Се додека најпрво ректорот не прати допис, бидејќи е надвор од земјата, и не го спречи моментланото градење на територија на УКИМ, блокадата ќе продолжи, изјави Владо Данаилов, претставник на „Мугри“ кој изрази надеж дека ректорот Велимир Стојковски ќе одговори на нивните барања.

Како што објаснија тие пред новинарите, утрово кога го блокирале влезот на Ректоратот, дошла полиција, која според нив, според Уставот, нема право да влегува во кампусот без претходна согласност од надлежните од УКИМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.