Конзервативците на поранешниот француски претседател Никола Саркози освоија најмногу региони, додека екстремните десничари на Марин Ле Пен доживејаа катастрофален пораз, по вториот круг гласање на локалните избори што вчера се одржа во Франција, покажуваат официјалните резултати.
На пребројани меѓу 71 и 100 отсто од гласовите, француското Министерство за внатрешни работи објави дека републиканците на Саркози водат во 7 региони, додека социјалистите во пет. Според неофицијални резултати кандидатот од партијата на Саркози го освои и регионот на Париз.
Според француските медиуми, неуспехот на екстремните десничари Народен фронт на Ле Пен, кои беа прилично успешни во првиот круг, е поради тоа што социјалистите на актуелниот претседател Франсоа Оланд тактички ги поддржаа републиканците на поранешниот претседател Саркози, но и поради поголемата излезност во вториот изборен круг.




