Утрово во градинка во предградието на Париз, Сан Дени, непознат напаѓач избодел со нож наставник, нанесувајќи му повреди во вратот, соопшти полицијата.
– Ова е предупредување во името на Даеш (Исламската држава), рекол наводно напаѓачот, пренесуваат француските медиуми.
Нападот се случил додека наставникот бил сам во училницата, по што напаѓачот избегал. Според полицијата, наставникот е пренесен во болница, но не е во животна опасност.
Истрагата за нападот е во рацете на антитерористичката единица во рамките на париската правосудна полиција и е за „обид за убиство со терористички потфат“.
Од втората половина на ноември, безбедноста во сите школи во Франција е зајакната и забрането е собирање и паркирање пред објектите, по терористичките напади од 13 ноември. Сен Дени беше една од локациите каде беа извршени најмногу полициски рации во потрага по терористите кои ги извршија нападите.




