Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн денеска изјави дека пограничната агенција на ЕУ- Фронтекс би можела да биде распоредена дури и во држави кои не се членки на Унијата како Македонија и Србија.
– Имаме големи проблеми во Македонија и Србија, на пример, а сега не е можно Фронтекс да помогне во тие земји, но тоа ќе се промени, вели шефот на дипломатијата на Луксембург во изјава за германското радио Дојчландфунк, чија земја која во моментов претседава со ЕУ.
Според Аселборн, земјите од ЕУ кои не се наоѓаат на надворешните граници на Унијата би требало да пружат поголема помош на пограничните земји, додавајќи дека смета оти Фронтекс треба да има задача и околу депортациите за тие да станат поефикасни од досега.
ЕК се очекува на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите во Брисел да предложи зголемување на припадниците на Фронтекс за шестпати.




