Рекорден број од 1.392 новинари и медиумски претставници се акредитирани за присуство на годишната прес- конференција на рускиот претседател Владимир Путин, што се одржува денеска.
Од Кремљ велат дека според бројот на пријавени новинари, годинава е можно Путин да го собори рекордот од 2008 година по бројот на прашања на кои одговорил – 106, додека прес конференцијата траела 4 часа и 40 минути. Неговиот портпарол вели дека нема да ги избегнува ниту незгодните.
Минатата година, рускиот претседател 3 часа и 10 минути одговараше на 53 прашања, најголем број поврзани со односите со западот, санкциите против Русија и националната економија.
Новинарите велат дека за да дојдат до можност да постават прашање, применуваат повеќе „трикови“, како впечатлива облека, постери, па дури и кадифени играчки.




