Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги смета за шпекулации, информациите дека во процесот против поранешниот висок црногорски функционер Светозар Маровиќ и втор човек во неговата партија, тој би можел да проговори за некои сомнителни бизниси во кои се вмешани и членови на семејството на Ѓукановиќ.
Тој вели дека не се плаши од истата судбина како и Маровиќ, но дека сето ова се шпекулации.
– Дозволете да се пошегувам на сметка на тоа, дека од случајот на некој поединец треба да се плашиме дека тоа би можело и нам да ни се случи. Не може да ни се случи, ако работиме во согласност со законите, изјави Ѓукановиќ, кој на новинарско прашање, дали премиерската функција ќе ја извршува и следната година ова време, одговори: „И уште многу потоа“.
Во врска со апсењето на Маровиќ тој вели дека тој е доказ дека во Црна Гора нема селективна правда и дека сето тоа покажува оти државата функционира.




