Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека против земјите члени на ЕУ кои нема да прифатат бегалци според програмата за квоти за нивна распределба, ќе биде покрената правна постапка.
– Доколку не постои друг начин, работите ќе се решаваат преку законски канали, изјави Штајнмаер за германскиот весник Шпигл, додавајќи дека „Европа е заедница на закони“ и дека земјите кои одбиваат да примат бегалци мора да знаат што се е во игра, а тоа се, според него, отворените граници во Европа.
– Европската солидарност не е еднонасочна улица“, вели тој.
Штајнмаер притоа мисли на Словачка и Унгарија, који најавија дека ќе покренат судска постапка против контроверзниот систем на квоти.
Словачка минатиот месец соопшти дека ќе поднесе жалба против планот на ЕУ да распореди 160.000 бегалци и мигранти низ целата Унија по пат на квоти, според што Братислава би требало да прифати околу 2.300 бегалци и мигранти.




