По протестите против загадувањето кои се одржуваат во Тетово, протести денеска одржуваат и граѓани и невладини организации од Скопје.
Граѓаните на Аеродром, Лисиче, Карпош, Центар, Чаир, Гази Баба и од цело Скопје протестираат поради алармантното аерозагадување.
Настанот е закажан за денеска напладне на пладне, пред просториите на град Скопје. Ко-организатори на собирот се неформалните граѓански иницијативи „Skopje smog alarm“ и „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, со поддршка на мноштво граѓански организации и иницијативи.