Published: Monday, December 21, 2015 09:39
Белгиската полиција уапсила двајца поврзани со теористичките напади во Париз минатиот месец, соопшти денеска Белгиското Обвинителство.
Во петчасовната рација спроведена доцна синоќа во која учествувале специјалните сили и силите на федералната полиција се уапсени двајца маѓи кои веднаш биле однесени на сослушување.
Од Обвинителството само потврдуваат дека не се работи за главниот осомничен 26- годишниот Салах Абдеслам, по кого белгиската полиција активно трага и за кого се смета дека имал клучна улога во нападите. Се верува дека Белгиецот ден по нападите во Париз се вратил во Брисел.




