Published: Monday, December 21, 2015 09:42
Најмалку 91 лице е исчезнато откако огромна количина на кал и градежен отпад во индустрискиот парк во градот Шенжен на југот на Кина затрупало 33 згради, при што била предизвикана и експлозија на гас.
Очевидци лизгањето го опишуваат како огромна маса црвена земја која во огромни бранови го прекрила индустрискиот парк Шенжен и затрупала голем број згради и фабрики.
Како што се наведува во официјалното соопштение од Министерството за земјиште и ресурси, лизгањето наводно е предизвикано од непрописно фрлање на градежен материјал. Во потрагата се вклучени над 150 спасувачи.




