Компанијата Спејс икс лансира и успешно вертикално приземји ракета Фалкон 9, што се смета за една од најважните пресвртниците во напорите за намалување на трошоците со повеќекратна употреба на ракетите.
Ракетата по лансирањето поставила 11 комуникациски системи по што вертикално се вартила во базата Кејп Канаверал на Флорида.
Компанијата Спејс Икс е во сопственост на интернет тајкунот Елон Маск и подолго време се обидува да направи револуција во ракетната индустрија, која во моментов се соочува со милионски загуби поради тоа што софистицираните ракетни компоненти по секое лансирање се исфрлаат.
Лансирањето на ваков тип ракета во јуни годинава заврши неуспешно, откако таа се распадна веднаш по полетувањето.
Американската вселенска агенција НАСА и честиташе на компанијата, признавајќи дека се работи за голем потфат.




