Published: Tuesday, December 22, 2015 12:54
Грчкиот парламент денеска усвои Резолуција со која ја повикува Владата да ја признае независноста на Палестина.
Резолуцијата е усвоена на посебна парламентарна седница на која присуствуваше и претседателот на Палестина Махмуд Абас, кој е во официјална посета на Атина.
Грчкиот премиер Алексис Цирпрас изјави дека отсега натаму Грција во службенитедокументи, наместо Палестинска управа, ќе го користи името државата Палестина.
Посетата на Абас на Грција, според него, сигнализира зајакнување на традиционалните историски врски меѓу двата народа.




