Published: Tuesday, December 22, 2015 13:05
Во текот на годинава, над милион бегалци дошле во Европа, по копнен или поморски пат, соопшти денеска Меѓународната организација за мигранти (ИОМ).
Според ИОМ бројката од 1.005. 504 бегалци влегле преку Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар, и е многу поголем отколку лани.
Од нив, најмногу, 800 илјади, дошле по морски пат од Турција и Грција. Најголем број се државјани на Сирија – 455.000, додека останатите се од Ирак и Авганистан.
Бројот на оние кои на патот кон Европа ги изгубиле животите според податоците на ИОМ е 3.695.




