Published: Wednesday, December 23, 2015 08:50
Американскиот претседател Барак Обама е најомилениот светски политичар, покажува опшироното истражување за популарност ба светските лидери на Галуп Интернешенал.
Обама е најпопуларен на Косово, каде дури 83 проценти од испитаниците го поддржуваат, по што следуваат Виетнам, Португалија, Шведска и Колумбија, додека се помалку е популарен кај Русите, Палестинците, Пакистанците, Израелците и Србите. Меѓу државите каде што е прилично непопуларен се наоѓаат и САД.
Според истото истражување, рускиот претседател е најпопуларен во Русија и во Србија, каде го поддржуваат ист процент на граѓани – 72 отсто, додека најнепопуларен е во Финска каде дури 83 проценти од испитаниците се изјасниле дека не можат да го смислат Путин.




