Published: Wednesday, December 23, 2015 08:52
Грчкиот парламент синоќа го изгласа законот со кој се дозволува склучување сивилно партнерство меѓу хомосексуални двојки.
Законот лесно помина во Парламентот каде од 300 пратеници, 194 гласале „за“ и покрај жестоките противења на Црквата и некои политички партии.
Иако грчките власти уште во 2008 година воведоа можност за склопување договор за цивилно партнерство меѓу хетеросексуални двојки, тоа не се однесуваше и на хомосексуалците, поради што Европскиот суд за човекови права во 2013 година го прогласи за дискриминација.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со новиот закон е затворен „кругот на срамот за државата“.
Против законот гласаа пратениците од Независни Грци, инаку коалиционен партнер на Сириза на Ципрас.




