Published: Wednesday, December 23, 2015 12:16
Едно лице загина и едно е повредено во експлозија на аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул во раните утрински часови, јавуваат турските медиуми.
Починатата е хигиеничарката на аеродромот.
Засега не се познати причините за експлозијата, по што полицијата ги зајакна безбедносните мерки на влезот во аеродромот.
Полицијата ги разгледува сите можни верзии, вклучувајќи и терористички напад.
Во Турција се чести нападите од курдски милитанти, левичари или милитанти на „Исламската Држава“.




