Published: Thursday, December 24, 2015 09:16
Милијардерот Доналд Трамп, претендент за номинација од Републиканската партија за претседателски кандидат на изборите следната година ја ужива најголемата поддршка меѓу сите кандидати, покажуваат најновите анкети.
Според истражувањето на јавното мислење на Си ен ен и ОРЦ меѓу гласачите, Трамп ја ужива поддршката од 39 проценти, додека по него е сенаторот Тед Круз со 18 отсто.
Во споредба со анкетите од ноември, Трамп успеал да добие уште два проценти поголема поддршка.
Од останатите кандидати, сенаторот Марко Рубио и бившиот неврохирург Бен Карсон имаат по 10 проценти поддршка, додека на петто место е гувернерот на Њу Церси Крис Кристи со пет проценти поддршка од гласачите.




