Поранешниот нафтен магнат и бизнисмен, критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски изјави дека потерницата за негово апсење покажува дека рускиот претседател Владимир Путин на него гледа како на сериозна закана и дека размислува да побара азил во Британија.
Ова тој го изјави во интервју за Би би си, откако рускиот суд објави негово апсење во отстуство.
Тој појасни дека Путин него пред се го гледа како закана, пред е економска, поради можното одземање на рускиот имот во странство, но и политичка, бидејќи тој би можел да застане зад некои продемократски кандидати на изборите во 2016.
Рускиот суд вчера распиша меѓународна потерница по Ходорковски по обвинението од минатиот месец за убиство. На почетокот на месецов, руските истражители го обвинија во отсуство дека го организирал убиството на сибирскиот градоначалник во 1998 година, а потоа и за обид за убиство ан две лица.
Инаку, Ходорковски, претходно помина 10 години во затвор под обвинение за затајување данок и проневера. Путин го помилува во 2013 година, по што тој ја напушти земјата и сега најголем дел од времето го поминува во Лондон.




