Повеќе граѓански здруженија и иницијативи в понеделник, на 28 декември, во 17 часот пред Владата организираат протест Излези за воздух! / Dil për ajër! против енормното загадување.
– Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ! Ве повикуваме сите кои дишете, а не сакате да умрете, да ни се приклучите на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија. Протестираме против загадувањето на воздухот!
Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!, се вели во повикот.
Организатори минтата недела на прес-конференција пред Владата порачаа граѓаните да излезат масовно на протест, со цел власта сериозно да го сфати проблемот со загадување. Дополнително, како што тие рекоа „во отсуство на еко-свест“ кај надлежните, активистите ќе препорачаат низа краткорочни и доголрочни мерки со цел да се стави крај на високите концентрации на канцерогени честички во воздухот.