Партијата за демократска обнова (ДОМ) бара Владата да прогласи вонредна состојба со загадувањето до крајот на февруари.
Дополнително, од партијата предлагаат итни мерки во градовите со цел граѓаните да не дишат отров. Дом предлага:
1. „Зелена“ зона за пешаци и велосипедисти во центарот!
2. Забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај!
3. Воведување пар-непар!
4. Повеќе автобуси во јавниот превоз!
5. Јавен превоз во градови кај што го нема!
6. Затворање на градилиштата!
7. Миење на улиците со ВОДА!
8. Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива за домаќинствата!
9. СТРОГА контрола на индустриските постројки, посебно на горивата!
10. Редовно собирање на отпадот!
„Ова се итни мерки што се прават со скромен буџет, а можат брзо да дадат резултат. Владата не смее да се оглушува на протестите и барањата на граѓаните, зашто тие се борат и за нивните деца!ДОМ ќе го поддржи и утрешниот граѓански протест и повикува на поголема излезност!“ се вели во соопштението.
Инаку, повеќе од 20 невладини организации и здруженија утре во 17 часот повикуваат на масовен протест пред Владата со цел да се ствари крај на загадувањето. Како што велат организаторите „во отсуство на еко-свест кј надлежните“, тие се подготвени да достават до Владата сет краткорочни и долгорочни мерки за кои тврдат дека као се преземат ќе се стави крај на високите концентрации на канцерогени честички во воздухот.