Published: Sunday, December 27, 2015 17:46
Најмалку 24 луѓе загинаа во големото торнадо, обилните дождови и поплави што ги зафатија југоцентралните држави на САД. Шестмина го загубија животот во Тексас, а пријавени се 18 смртни случаи во Мисисипи, Тенеси, Арканзас и Алабама, каде се повредени и повеќе од 60 луѓе.
Големото невреме уништи и стотици домови и објекти.
Торнадата, за кои локалните власти велат дека ги имало најмалку четири, ги прекинале електроводите и ги срушиле столбовите, по што околу 50. 000 луѓе останале без струја.
Милион жители на југот на САД моменто се опоравуваат од последиците од невремето и поплавите од претходните денови.




