Рускиот магазин „Старс енд Адвајс“ објави „календар на сите календари“, на кој секој месец е претставен преку една фотографија од рускиот претседател Владимир Путин, а секое годишно време ја прикажува различната страна на рускиот лидер.
На календарот за 2016-та ги нема препознатливите фотографии на Путин – супермен, разголен до половина, како гали тигари и лавови или ги истражува морските длабочини. На речиси секоја фотографија од календарот Путин е облечен, а покрај секоја фотографија има и по некој негов цитат.
– Ги сакам руските жени. Сметам дека се најталентирани и најубави на светот, пишува покрај фотографијата за март, на која Путин е прикажан со цвеќе во рака.
На ноемвриската фотографија Путин е сликан со ждребе, додекa априлската е фотографија од тренинг со премиерот Медведев. Календарот чини 78 рубљи и се продава во секоја трафика во Русија.




