Published: Monday, December 28, 2015 10:16
Најмалку 10-мина загинале, а над 160.000 луѓе се евакуирани поради катастрофалните поплави кои погодија делови од Јужна Америка.
Најтешко погодени се Бразил, Парагвај, Аrгентина и Уругвај, каде најголем број од загинатите се при лизгање на земјиштето.
Она што ги загрижува властите е што нема најави за престанок на обилниот дожд. Реката во Парагвај, според тамоните власти порасната дури 8 метри над просекот, и само еден метар ја дели од рекордот измерен во 1983 година.
Во оваа земја е прогласена и вонредна состојба. Инаку, овие поплави се сметаат за најтешките што ја погодила Јужна Америка во изминатите неколку децении.




