Во текот на 2015 година ширум светот убиени се 110 новинари, од кои 67 додека известувале, соопшти организацијата Репортери без граници.
2015-та ќе остане запаметена и по тоа дека две третини од убиените новинари настрадале во земји каде немало воени дејства, иако како најопасни места за репортерите остануваат Ирак и Сирија, каде загинале 11, односно 10 новинари.
Потоа следува Франција каде во нападот врз канцелариите на магазинот Шарли Ебдо беа убиени 8 новинари.
– Бројката од 110 убиени новинари годинава бара итена реакција, вели генералниот секретар на Репортри без граници, Кристоф Делор, барајќи ОН итно да именуваат специјален претставник на генералниот секретар за безбедност на новинарите.
Според статистиката, во изминатите 10 години, од 2005 до сега, убиени се 787 новинари.




