Социјалната мрежа Твитер објави дека презема мерки за ограничување на говорот на омраза и навредливото однесување и обраќање.
Одлуката е резултат на притисок на САД и владите на други земји врз социјалните мрежи по терористичките напади во Париз и Калифорнија да направат нешто за елиминитрање на оние кои повикуваат на заговори и на насилство.
Според новите правила , корисниците на Твитер нема да можат да упатуваат закани со насилство или да промовираат насилство, вклучувајќи и закани или промовирање на тероризмот и нема да можат да поттикнуваат или да учествуваат во навредување или малтретирање на други.
Исто така, се наведува дека корисниците нема да можат да промовираат насилство или директни закани на основа на расна, верска, полова припадност, сексуслана ориентација, возраст или хендикеп.




