Земји од целиот свет ја одбележуваат Нова Година, со свечености и славења низ Азија.
Австралија и Нов Зеланд, беа меѓу првите кои ја пречека Новата Година.
Луѓето ги одбројуваа последните минути од старата година на Скај кулата Окленд во Нов Зеланд, со ласерско шоу и огномет. Исто така, огномет го осветли пристаништето во Сиднеј, Австралија.
Претходно во Јапонија, луѓето фрлаа балони од токиската кула, додека Јужна Кореја го прослави во Паџу, со огномет и традиционалните церемонии со ѕвоно.
Во една од поиновативни прослави, четири нуркачи опремени со музички инструменти и апарати за дишење изведоа подводен “концерт” во еден аквариум во Јантаи, источна Кина.
Во Дубаи, пожар изби во хотел само неколку часа во пресрет на новогодишната прослава, при што беа повредени 16 лица, но властите инсистираат прославата да продолжи.




