НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бендевска: Енормно голем број нерегуларности

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енормно голем број нерегуларности и прекршувања на изборниот процес регистрирал „Сојузот за иднината“ во општина Битола, информира пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска, на прес-конференција.

– Се уште е рано за официјални податоци, но оние неформални резултати добиени од помалите места за нас се крајно позитивни. Во овој момент не сакам да шпекулирам со резултатите, оти истите ќе ги имаме за еден час, но би сакала да ја искористам приликата и да ја информирам јавноста за низата нерегуларности во текот на денешниот и вчерашниот ден. Нашите претпоставки се потврдија: Ова е една од највалканите кампањи што ги има организирано ДПМНЕ. Регистриравме енормно висок број нерегуларности и прекршувања на изборниот процес – рече Бендевска.

Таа извести за низа нерегуларности а посебно алармантно е што голем број гласачи ги немало на избирачкиот список.

– За сите неправилности навремено поднесовме претставки до надлежните институции и набљудувачките мисии. Дел од нив се следните: нарушување на изборен молк, поткупување и потплатување, затекнати лица со избирачки ливчиња надвор од избирачкото место, популарно наречено бугарски воз, нешто што е недозволиво во едно демократско општество. Фантомски гласачи, односно со фиктивна лична карта на место каде што гласачот не живее. Голем дел од нашите традиционални гласачи не се најдоа на избирачкиот список и не го искористија своето избирачко право, како и закани и притисоци врз наши истакнати членови и активисти.

Со оглед на малиот процент обработени податоци, се уште не можеме да утврдиме во колкава мера овие нерегуларности ќе влијаат врз крајниот резултат – порача Бендевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.