Експертите и коментаторите на лондонскиот весник Фајненшел Тајмс прогнозираат дека во 2016 година Ангела Меркел би можела да ја напушти функцијата германски канцелар, Британија на референдум да гласа за останување во ЕУ, додека Хилари Клинтон би можела да стане првата жена претседател на САД.
Иако Меркел 2015 година ја заврши со овации на конференцијата на нејзината владејачка Христијанско – демократска унија (ЦДУ), восхитувањето на нејзина незадоволство, предвидува британскиот весник.
Пресвртната точка, како што се објаснува, би бил бунтот на локалните влади, кои велат дека не се во состојба да излезат на крај со големиот број бегалци и мигранти.
Иако канцеларката вети дека ќе го намали нивниот прилив во претстојната година, ќе се покаже дека тоа е неостварливо, поради што весникот прогнозира дека во редовите на ЦДУ ќе биде оспорен нејзниот статус на канцеларка.
Британија, као што прогнозира британскиот весник, оваа година ќе гласа за останување во ЕУ, и тоа не од ентузијазам, туку затоа што кај британските гласачи, како што се наведува, ќе преовлада здравиот разум.
Во однос на претседателските избори во САД, весникот предвидува дека тие ќе бидат проследени со нагли пресврти и дека ќе останат запаметени како прилично непријатни, поради тоа што противникот на Хилари Клинтон од редот на републиканците ќе ја напаѓа поради нејзините карактерни особини.
И покрај исклучиво тесните резѕултати според анкетите, Клинтон ќе победи во изборната трка и ќе го врати мнозинството на демократите во Сенатот, но нејзиниот мандат ќе има исклучително тежок почеток во политики поларизираниот Вашингтон.
Во прогнозите на самиот почеток на 2016 година, весникот предвидува и дека Башар ал Асад формално ќе остане на власт во Сирија во наредните 12 месеци, иако всушност, неговиот статус ќе бдие сведен на воен водач и како што оценува лондонскиот весник, нема да има позиција на владетел на држава.
Повикувајќи се на најновата ранг листа на ФИФА, Фајненшел предвидува дека Белија, како најдобар тим на светот, ќе го освои годинешното Европско првенство во фудбал.
Меѓу останатите прогнози е и дека во 2016- та кај Европјаните ќе опадне продажбата на автомобили со дизел мотори.
На крајот, Фајненшел Тајмс наведува дека прогнозите што нивните експерти ги дале минатата година, во најголем дел се покажале како точни.




