Published: Saturday, January 2, 2016 16:05
Кинескиот уметник Ај Вејвеј планира на грчкиот остров Лезбос да изгради меморијален споменик во спомен на бегалците, посебно оние кои ги избубија животите, обидувајќи се да стасаат до Европа.
– Многу луѓе ги изгубија животите под удар на брановите, потребен ни е споменик, вели 58- годишниот уметник, кој веќе отворил студио на Лезбос, каде заедно со неговите студенти ќе го направи споменикот.
– Ова е историски момент од секој аспект.Како уметник сакам повеќе да сум вклучен, да правам уметнички дела што се поврзани со кризата и да направам луѓето да станат свесни за ситуацијата, вели тој.
Ај на почетокот на неделава ги посети бегалците на грчкиот остров и на Твитер ги објави фотографиите од посетата.




