Седмиот ред од Периодниот систем на елементи е потполнет, откако руски, американски и јапонски научници открија четири нови хемиски елементи.
Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија на 30.декември 2015 година го признал откритието откако научниците презентирале доволно докази за елементите со реден број 115, 117 и 118.
Сојузот ги признал заслугите на јапонските научници за откритието на елементот 113.
Водечкиот јапонски научник Косуке Морита изјавил дека неговиот тим планира да ја „анализира ненацртаната територија на елементот 119 и останатите“.
Новооткриените елементи ќе бидат официјално именувани во следните месеци. Името најпрво ќе го добие елементот 113 и тоа во Азија.
Новите елементи може да добијат име по митски концепт, минерал, место, земја или научник.




